Досегашниот координатор на пратеничката група, Јован Митрески ќе биде новиот претседател на Собранието, веднаш штом досегашниот спикер Талат Џафери седне на премиерското столче, како дел од техничката влада. Ова е само еден од заклучоците што ги донеле во раководството на партијата, а ги соопшти портпаролот на СДСМ, Дарко Каевски.
-Извршниот одбор на СДСМ го потврди предлогот на претседателот Ковачевски и кандидат за нов претседател на Собранието го избра Јован Митревски. Тој е долгогодишен пратеник од СДСМ со големо искуство, чесен и вреден и посветен на интересите на граѓаните и државата, докажан во неговиот ангажман, рече Каевски.
Тој исто така информираше дека како втор заклучок на ИО на СДСМ е задолжување на генералниот секретар на партијата да спроведе подготовка на Роковник за постапката, начинот и критериумите за избор на кандидат за претседател за претседателските избори, согласно Статутот на партијата.
Како четврт заклучок, Претседателот на СДСМ доби овластување за подготвителни разговори и консултации со парламентарните партии за техничка Влада која што е законска обврска.
Ваквите заклучоци се очекува да бидат потврдени на седница на ЦО на партијата која треба да се одржи до крајот на месецов.