Млад британски пар живее како во 40-тите – Добиваме чудни шеги на наша сметка, но тоа е фин начин за запознавање нови луѓе

Либерти Ејвери (24) и Грег Кирби (29) од селото Дичингем во Норфолк , се брачен пар кој одлучил да го живее животот како да се во четириесеттите години на минатиот век. Тие се облекуваат во ретро облека и поседуваат винтиџ мебел од таа ера, одат на тематски патувања, поседуваат американски џип од 1942 година и, се разбира, така биле облечени и на денот на нивната ванчавка, пишува „Би-би-си“.

„Се обидовме да ја направиме нашата венчавка што е можно повеќе во овој стил – традиционална, онака како што би ја направиле и нашите баби и дедовци. Тие не би потрошиле многу пари за нивната венчавка, па така ни ние не потрошивме многу“, додаде тој.

Фото: Инстаграм/Грег Кирби

Тие имале традиционална венчавка во црква, по што отишле во паб за да се почестат со добра храна и, на крајот од вечерта, танцувале со пријателите во локалната селска сала за прослави.

„Луѓето, генерално, позитивно реагираат на нас кога ќе нè видат во јавност. Добиваме и чудни шеги на наша сметка, но тоа е фин начин да запознаваме нови луѓе, кои неретко ни приоѓаат“, вели г-ѓа Ејвери.

Фото: Инстаграм/Грег Кирби

Таа призна дека била многу срамежлива додека растела и чувствувала дека луѓето што ѝ приоѓаат ѝ помогнале за да го надмине својот срам.

Двојката максимално го ограничува времето со технологијата – играат табла навечер и одат на традиционални танци за време на викендот.

Г-ѓа Ејвери, шивачка, исто така сака да пече користејќи рецепти од 1940-тите и прибор од тој период.

Но, таа призна дека повремено прават кратки паузи од ерата.

„Старите филмови може да бидат доста тешки, па Грег нè охрабрува да гледаме нешто поново одвреме-навреме“, рече таа.

Фото: Инстаграм/Грег Кирби

Исто така, парот призна дека грижата за деликатните, стари ткаенини понекогаш е предизвик. Но, г-дин Кирби, бербер, ја смета облеката од тој временски период за „удобна и ласкава“.

„Сакаме да ја поправаме нашата облека, да ѝ дадеме нов живот и да изгледа исто толку добро како пред 80 години“, велат тие.

 

АКТУЕЛНО

Поврзани објави