Search
Search

Младите центарци даруваат и донираат за Лео

Во ТЦ „Рамстор“ вчера е одржан уште еден хуманитарен новогодишен базар, на кој со свои ракотворби и музички точки учествуваа ученици од општинските основни училишта.

Средствата собрани од продажбата на нивните креативни трудови и изработки ќе бидат донирани за медицинскиот третман на младиот Лео, кој доби тешки повреди на `рбетот во несреќен случај пред неколку месеци, извести Општина Центар.

На настанот се приклучи и градоначалникот Горан Герасимовски со порака дека секоја донација е важна за да му се помогне на Леонид.

Добротворниот базар се реализира во рамките на хуманитарната програма на Општина Центар посветена на Лео, а со поддршка на „Рамстор“.

На 27 и 29 декември, на вториот кат на ТЦ „Рамстор“, ќе се одржат уште две слични манифестации, на кои ќе учествуваат младите центарци, соопштија од Општината.

АКТУЕЛНО