Мода или поддшка за Трамп? Републиканците шетаат со завој на увото

Републиканците беа забележани како носат завои на своето уво во знак на поддршка на поранешниот претседател Доналд Трамп.

Трендот започна по инцидентот на политичкиот митинг во Пенсилванија кога напаѓач отвори оган, повредувајќи го поранешниот претседател на десното уво и трагично убивајќи  еден од присутните . Мотивот зад пукањето се уште се истражува.

Трамп за првпат се појави во јавност по инцидентот на конвенцијата во понеделникот, изненадувајќи ги присутните. Со завој од бела газа околу увото, тој ги поздрави своите поддржувачи, демонстрирајќи ја својата решителност да продолжи напред и покрај неодамнешниот напад.

Вечерта, делегатите и посетителите беа фотографирани како носат импровизирани “завои” на десното уво. Направени од свиткани парчиња хартија и бели ленти, импровизираните завои ја симболизираа нивната солидарност со Трамп и колективната поддршка за неговото опоравување.

Домашно направените завои за уши брзо станаа модна појава меѓу присутните, покажувајќи ја  и непоколебливата лојалност кон Трамп.
Се очекува трендот да расте, дополнително нагласувајќи ја силната врска меѓу Трамп и неговите поддржувачи.

Извор: BBC

АКТУЕЛНО

Поврзани објави