Search
Search

„Молкот на разумот“ во кино „Фросина“

 Специјална проекција на „Молкот на разумот“, филм на Кумјана Новакова, ќе се одржи вечер од 20 часот во киното „Фросина“  во Младинскиот културен центар.

– Ова е прва проекција во Скопје на документарниот филм, кој освои повеќе значајни награди на реномирани фестивали и е во состав на единаесеттото издание на фестивалот за феминистичка култура и акција „Прво па женско“, појаснуваат од Тиииит! Инк.

Филмот е форензички видео-есеј, изграден како перформативно истражување во судската архива на случајот „Кунарац и други“, уште познат како „Судење за логорот за силување во Фоча“, што се водеше во Меѓународниот кривичен суд за поранешна Југославија (МКСЈ) од март до ноември 2000 година и претставува првиот случај пред меѓународен суд, со кој се осудуваат силувањето и сексуалното ропство како кривично дело против човештвото.

АКТУЕЛНО