МВР: 18 автобуси во јавниот превоз во Скопје се технички неисправни

Граѓаните на Скопје вчера чекаа подолго на автобуските постојки, автобусите доцнеа и по еден час. Чекањето не беше зошто немаше автобуси но затоа што вчера во главниот град Скопје полицијата извршуваше вонреден технички преглед во јавниот превоз. Според информацијата од МВР од извршената контрола 18 јавни автобуси беа не исправни.

Во меѓу другото во информацијата на  МВР се вели:

„Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (16.08.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.
На територија на град Скопје изречени се вкупно 154 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 17 санкции, 10 мерки за возење без возачка дозвола, 18 санкции за технички неисправни возила во јавниот превоз.
Изречени се 10 мерки за користење мобилен телефон при возење, четири санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло), четири мерки за нерегистрирани возила.
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта„ – се вели во соопштението на МВР.

Н.Ш

АКТУЕЛНО