МВР: Гужвите на Табановце се поради ризик од тероризам во Србија

Зголемениот временски период на чекање на граничниот премин „Табановце“ за влез и излез од државата е поради прогласеното црвено ниво на безбедносен ризик од тероризам во Република Србија, информираат од Министерството за внатрешни работи

-Воедно, Ве известуваме дека граничните полиции на двете држави се во постојана комуникација со цел овозможување брз и непречен проток на патници и возила, но и соодветна контрола поради новонастаната состојба, се вели во соопштението од МВР.

Според информациите од АМСМ, утрово на Табановце влез во државата се чека околу 30 минути.

АКТУЕЛНО

Поврзани објави