Најдобри 10 земји за патници кои не пијат алкохол

Ново истражување од „Лантана рикавери“ – установа за рехабилитација од Чарлстон, Јужна Каролина, САД, го испитува бројот безалкохолни активности, потрошувачката на алкохол по глава на жител, севкупните здравствени оценки, јавната безбедност и законите за алкохол во повеќе земји ширум светот. Секоја дестинација потоа добивала оценка од 1 до 100, што го обликувало конечниот ранг.

Причина за ова истражување се групните тури без алкохол и ноќевањата без алкохол кои се вообичаена понуда за патувања ширум светот, но некои дестинации се природно подобри за „трезните патници“ од други.

Така, Исланд е најпогодната земја за туристите кои не користат алкохол. Меѓу другото и во однос на личната и јавната безбедност. Италија, пак, имала најниска оценка за појавата на зависност од алкохол, од 0,6 отсто, со што го зазеде второто место, а Норвешка е трета, најмногу поради квалитетот и бројот закони за алкохол.

Европа всушност има шест од првите 10 места на топ-листата. Најдобри 10 земји за патници кои не пијат алкохол, се: Исланд, Италија, Норвешка, Данска, Јапонија, Швајцарија, Австралија, Сингапур, Нов Зеланд и Холандија.

 

АКТУЕЛНО

Поврзани објави