Search
Search

Најдоброто од Скопје на најгледаната дневна телевизиска емисија во Велика Британија

Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот беше организатор на информативно патување за новинари и репортери од горенаведеното дневно шоу во период од 17 до 20 април.

Нивниот интерес бил да направат репортажа од недопрените убавини на нашата земја, која има пристапни цени за туристите.

– Целта на ова патување е промоција на Македонија и главниот град Скопје како дестинации погодни за туристите од Велика Британија, а како предност се земаат новите чартери од Лондон и Манчестер до Охрид и редовната линија со ВизАир од Скопје. ТУИ актив веќе имаат активна кампања за нашата дестинација и промоција на активните форми на туризам и посета на локалните, рурални предели и мали семејни винарии. Британската јавна телевизиска мрежа „ITV“ има широк опфат на публика, на нивните социјални мрежи имаат значителен број на следбеници, милион следбеници на Инстаграм, 2.5 милион следбеници на Фејсбук, 2.5 милиони сабскрајбери на Јутјуб, велат од Агенцијата.

АКТУЕЛНО