Search
Search

Најсончевиот град во Европа: Повеќе од 3.000 сончеви часови годишно и совршена клима

Врз основа на податоците од 2009 до 2024 година добиени од World Weather Online, интернет пребарувачот ги рангираше најсончевите дестинации во Европа.

Првото место го зазеде Малага, град на југот на Шпанија. Овој град има просечно 280,2 сончеви часови месечно, што е повеќе од 3.000 сончеви часови годишно.

Просечната годишна температура во Малага е 18,7 степени Целзиусови, додека врнежите се многу ретки – врне само 50 дена во годината.

Малага може да се пофали со една од најтоплите зими во Европа, со просечни дневни температури помеѓу 16 и 17 Целзиусови степени од декември до февруари.

Поради близината на Средоземното Море, летните температури се умерени.

Овој град нуди многу можности за уживање во сонцето, а туристите најчесто ги посетуваат долгите песочни плажи или пешачат на локации како што е La Grande Sende de Malaga.

АКТУЕЛНО