Search
Search

Најстудено на Попова Шапка со – 12 степени

Најниски температури утрово измерена на Попова Шапка -12 степени. Во Берово -10, во Крива Паланка, Штип, Демир Капија, Струмица и Маврови Анови се измерени минус шест, во Виница, Кавадарци, Крушево минус пет, во Гевгелија минус 4, Прилеп и Дојран минус три, Битола и Куманово минус два, во Скопје минус еден и нула во Охрид, информираат од УХМР.

На Попова Шапка има шест сантиметри снег, во Пожарена два, а еден сантиметар во Ѓуриште.

Времето денеска ќе биде променливо облачно со слаб ветер претежно од северозападен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 1 до 8 степени.

Во Скопје променливо облачно и претежно тивко. Максималната температура ќе достигне 3 степени.

АКТУЕЛНО