На Богородица, Дојран и Меџитлија за влез во Грција се чека и до 45 минути

Зголемена фрекфенција на граничните премини кон соседна Грција, информираат утрово од АМСМ. За влез во Грција преку граничните премини Богородица, Дојран и Меџитлија, се чека и до 45 минути. Долго се чека и на ГП Табановце за влез кон Србија.

На останатите премини од македонска страна нема подолги задржувања.

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, информираат од АМСМ.

АКТУЕЛНО

Поврзани објави