Најфреквентниот пешачки премин во светот се наоѓа во квартот Шибуја во Токио, кој е дом на многу знаменитости, но и места на модерната и поп-култура што мора да се видат, па затоа се смета за место со возбудлив ноќен живот.

Но, големата фреквентност на самиот премин се должи на една од најфреквентните железнички станици во светот, од која практично се излегува на оваа раскрсница. Тоа е станицата Шибуја, место каде што светски познатото куче Хачико секој ден, десет години, го чекало својот сопственик, кој веќе бил починат, да излезе од возот.
 
1
Фото: Freepik


На зелено светло преминуваат 2.500 луѓе

Над 2.500 луѓе го преминуваат пешачкиот премин во квартот Шибуја во еден „зелен“ интервал, а тој број во еден ден расте на милион или повеќе. Самиот пешачки премин поминува десет сообраќајни ленти, пет големи премини ги поврзуваат најфреквентните места на овој раздвижен и модерен кварт, а на пешаците патот им се покажува на огромни екрани кои се синхронизираат со секој премин и дополнително ги предупредуваат за црвените и зелените семафори, а на нив се напишани и други информации и известувања, на пример, временска прогноза.

Иако се смета за едно од најфреквентните места, речиси е неверојатно тоа што сообраќајот на оваа раскрсница се одвива без никакви застои и проблеми. Организираниот хаос на овој пешачки премин е реална слика за лудилото и метежот на шарениот Токио, па не е невообичаено што често ги инспирира и уметниците и аматерите.
 
2
Фото: Freepik


Инспирација за многумина

Можеби сте го забележале во третиот дел од „Брзи и бесни“ или можеби се сеќавате на филмот „Изгубени во преводот“ со Скарлет Јохансон. Секако, најдобриот поглед на раскрсницата е од птичја перспектива, па околните облакодери често имаат платформи за фотографирање на преминот. Најдобар поглед на овој премин се смета оној од „Старбакс“ на северната страна на раскрсницата, каде што е чудо да се најде празно место и кој работи со најголем профит од сите локали на таа франшиза низ светот.

Извор: Punkufer.dnevnik.hr
Фото: Freepik