Search
Search

На ГП „Богородица“ зголемена фрекфенција на возила, се чека до 30 минути за излез од државата

На Граничниот премин „Богородица“ за излез од државата се бележи зголемена фрекфенција на возила, а времето на чекање е околу 30 минути, информираат од АМСМ.

На останатите гранични премини од македонска страна нема поголеми задржувања за влез и излез од државата.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.

Се препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево – велат од АМСМ.

АКТУЕЛНО