Фото/дервени.мк

Како изгледа денес eзерото Треска?

Фото/дервени.мк

Некогаш најубавото и најрекреативното место каде скопјани па и околината ги поминале летните жешки денови денес напуштено, сцени да се снима хорор филм.

Во почетокот на минатата година Општина Сарај почна со уривање на објектите и содржините на езерото Треска. Со градежна механизација се отстраниле  бунгалови, кафулиња, ресторани, базени, гардероби, тоалети, кои пред четириесетина години беа изградени со самопридонес на граѓаните.

Фото/Градска.мк – Езеро Треска пред да се уриват викенд камповите

И пред да се случи ова уривање во езерото Рреска можеше да се оди да се помине денот поради прекрасната зелена трева и дрвјата, но денес веќе не.

Владата во 2020 година дел од земјоделското земјиште во селата  Глумово и Шишево, кое се наоѓа околу езерото, го пренамени во градежно за да може Општина Сарај да направи Детален урбанистички план. Тогаш од Владата рекоа дека оваа одлука е донесена за да може во овој дел од предградието на главниот град да се цртаат маркички и да се гради викенд населба, хотелски комплекс и спортско-рекреативен центар за развој на еко туризам, со што воедно ќе се врати во функција и езерото.

Веќе трета година ниту Град Скопје, ниту општина Сарај на терен се гледа дека не преземаат ништо од овој проект за изградба на викенд населбата.

Фото/Градска.мк – Езеро Треска пред да се уриват викенд камповите

Езерото Треска е изградено во 1978 година со самопридонес од жителите на Скопје. Со површина од 136.000 метри квадратни и капацитет за 10.000 капачи, во 1980-тите и 1990-тите функционираше како главно излетничко место за скопјани, особено во летните месеци. Околу езерото кое е длабоко од 1,6 до 3 метри се наоѓаа бунгалови, кафулиња, ресторани, базени, гардероби, тоалети, спортски терени, како и камп за приколки и трејлери. Езерце Треска живееше само 20 години. Во 1998 година, поради загаденост на водата е затворено за капење и оттогаш почнува неговото пропаѓање. Денеска, дваесетина години откако е затворено, комплексот околу езерото е целосно уништен.

 

 

 

АКТУЕЛНО