На „Водовод“ му ја исклучиле струјата за неплатени сметки, па делови од Скопје останаа без вода

 

Делови од повисоките места на Скопје, останаа без вода откако им е исклучена струјата на „Водовод“ поради неплатени сметки, пренесува САКАМДАКАЖАМ.

Поради исклучената струја, на неколку локации вчера не работеа пумпите, па водата не може да дојде до повисоките места.

Од ЕВН за СДК потврдиле дека по барање на „Енерџи актив“, снабдувачот на електрична енергија, на неколку локации е исклучена струјата, и дека во моментов одговорни лица се на состанок да се реши проблемот.

АКТУЕЛНО

Поврзани објави