Преку 15 илјади посетители синоќа уживаа во првата вечер од Културното лето на Општина Кисела Вода. Настанот го отвори DJ Mats кој со час и половина хип хоп музика, најпопуларните хитови на кои се играше и пееше на преполниот простор пред салата Расадник. Оваа недела Кисела Вода го слави и својот 68-ми роденден и новото културно лето.
Веднаш по него концерт одржаа 2 Бона, чии песни ги пееше целата публика. Градоначалникот на Кисела Вода Орце Ѓорѓиевски, кој беше присутен во публиката, веќе најави дека вакво расположение и посетеност се очекува сите четири фестивалски вечери кои од вечер до 29 јуни ќе се одвиваат на две локации.
Утре Културното лето на Општина Кисела Вода продолжува на Три Круши, во Драчево, со фолк вечер. Настапуваат КУД Китка, Сузана Спасовска и Миле Кузмановски.