Фото/ Собрание на Р.С.Македонија

Наместо пет, Гаши ќе има тројца заменици во Собранието

Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ, Јован Митрески од СДСМ и Весна Бендевска од ЗНАМ се предлозите за идните потпретседатели на Собранието.

Претседателот на Собранието, Африм Гаши наместо прво планираните пет, ќе има тројца заменици потпретседатели кои треба да бидат избрани на утрешната собраниска седница откако претходно ќе бидат утврдени на Комисијата за избори и именувања, потврди пратеничката Бендевска.

Тие треба да бидат избрани на утрешната собраниска седница откако претходно ќе бидат утврдени на Комисијата за избори и именувања.

„Типично, опозицијата и една до две партии од владејачкото мнозинство добиваат потпретседателско место. Бројот на потпретседатели треба да го финализира Комисијата за прашања на изборите и именувањата“, изјави Бендевска во гостување на ТВ21.

Таа ги демантираше информациите дека ќе биде идната министерка за правда од редовите на ЗНАМ.

Пратениците денеска гласаа и за точката за основање на постојаните работни тела на Собранието која помина со 91 гласа за, без ниту еден против и без ниту еден воздржан.

АКТУЕЛНО

Поврзани објави