Search
Search

Намирница која ќе стане луксуз: “Поздравете се“ со омилената слатка?!

Големите африкански фабрики во Брегот на Слоновата Коска и Гана кои преработуваат какао се затвораат бидејќи не можат да си дозволат да го купат суровото растение во форма на зрно, велат трговски извори, а пренесува Ројтерс. Тоа значи дека чоколадите, чии производители веќе ги зголемија цените за потрошувачите, најверојатно ќе станат поскапи ширум светот, пренесе Ројтерс.

Ваквата состојба се случува по три години лоша жетва на какаото, а се очекува и четврта во гореспоменатите две африкански земји, кои произведуваат речиси 60 отсто од светските количества на ова растение.

Какаото е повеќе од двојно поскапено во текот на изминатата година, па производителите на чоколади не можат да си го дозволат тоа и се потпираат на преработувачи кои можат да ги претворат зрната во путер и ликер, од што може да направат чоколадо.

Преработувачите, како што е една од најголемите државни фабрики во Брегот на Слоновата Коска, истакнуваат дека не можат да купат зрна какао поради високата цена.

Според изворите, повеќе големи државни фабрики наскоро би можеле да бидат затворени во Брегот на Слоновата Коска, каде што се наоѓа речиси половина од светското производство на какао.

Повеќето од осумте фабрики на вториот по големина производител во Гана, вклучително и државната компанија за преработка, повеќепати ја стопираа работата со недели од почетокот на сезоната во октомври, пренесува Ројтерс.

АКТУЕЛНО