Народна банка: Вкупните средства на ОФИ зголемени, пензиските фондови со најголемо учество, 65,6 отсто

Во првиот квартал на 2024 година, вкупните средства на останатите финансиски институции (ОФИ) изнесуваат 225,019 милиони денари и на квартална основа се зголемени за 14,178 милиони денари. Средствата на останатите финансиски институции учествуваат со 20,9 отсто во средствата на финансиските институции.

Како што соопшти Народната банка, анализирано по потсектори, пензиските фондови имаат најголемо учество од 65,6 отсто во вкупните средства на ОФИ, а по нив следуваат осигурителните друштва со 16 отсто.

Најголем дел од средствата на ОФИ се однесуваат на вложувања во должнички и сопственички хартии од вредност со учество од 51,7 проценти и 26 отсто, додека на страната на обврските главно се обврски по основ на технички резерви на осигурување и капитални сметки, со учество од 54,6 и 35,7 отсто.

Позначајните движења кај ОФИ се достапни на следниот ЛИНК

АКТУЕЛНО

Поврзани објави