Search
Search

НАСА за празниците објави вистинска фотографија од вселената

За време на празниците, НАСА објави спектакуларна фотографија од вселената на која се гледа структура од ѕвезди која наликува на украсена елка. Се разбира дека не е во прашање вистинска новогодишна елка.

Оваа фотографија позната и како „Кластерот на Божиќното дрво“, покажува облик на космичка елка со сјај на ѕвездени светла. Се работи за кластер од млади ѕвезди – со возраст од околу еден и пет милиони години кои се во нашиот Млечен Пат, оддалечен околу 2.500 светлосни години од Земјата.

Овој космички феномен наликува на украсена новогодишна елка поради изборот на бои, слики во различни бранови должини на светлина и ротација на композитната фотографија. Сино-белите трепкачки светла се всушност млади ѕвезди кои емитуваат рендгенски зраци, додека зелената боја го претставува гасот во маглината.

Фотографијата е ротирана во насока на стрелките на часовникот за околу 160 степени, па изгледа како врвот на „космичкото дрво“ да е на врвот на фотографијата. Младите ѕвезди, како овие на фотографијата, се многу нестабилни и произведуваат моќни блесоци и други видови промени, видливи во различни бранови должини на светлината.

Координираните, „трепкачки“ варијации прикажани на оваа фотографија, сепак, се вештачки, за да се нагласат локациите на ѕвездите што се гледаат на рендгенските зраци и да се нагласи сличноста на структурата со новогодишна елка.

Во реалноста, варијациите на ѕвездите не се синхронизирани, односно „светлата“ на маглината не трепкаат толку добро како оние на украсената елка.

 

АКТУЕЛНО