Search
Search

Наскоро такси-компанија со 50 електрични возила во Скопје

Наскоро ќе се формира нова такси-компанија во Скопје која ќе работи исклучиво со електрични возила, дознава „Фактор“.

За почеток овие денови ќе возат 50 електрични возила низ главниот град, со дополнителни уште 50 во 2024.

Компанијата ќе се вика BeeRide, која, како што се најавува, ќе ја користи најнапредната технологија.

Возилата ќе бидат од типот на MG4 Electric.

 

АКТУЕЛНО