Search
Search

НаТочак: Се тера по старо, за секоја улица треба поединечно да се буниме

Граѓанската инцијатива НаТочак уште еднаш, по којзнае кој пат, упати критики за непочитувањето на постоечките закони и подзаконски акти со кои тротоарите треба да имаат слеани рабници за пристапност не само на велосипеди и тротинети, туку и, уште поважно, на лица со инвалидски колички и мајки и татковци со бебешки колички.

Често пешачките премини во градовите низ државава завршуваат во висок тротоар кој нема слеан рабник. Тоа претставува најголем проблем за лицата во инвалидска колична кои немаат како да ја искачат оваа пречка.

„Со децении се зборува за пристапноста. Особено граѓаните со хендикеп, тие и неретко протестираат и особено политичарите се сликаат со нив пред избори, потпишуваат меморандуми за соработка, ветуваат подобар град. Но, никој не се решава еднаш засекогаш да ги стави во пракса законите за добробит на овие луѓе кои се движат со колички и помагала, да имаат независна мобилност! Никој не се решава да ги подобри условите за младите родители да ги шетаат полесно своите деца во бебешки колички и да си ги завршат обврските со нив! Никој не се решава да ги подобри условите за граѓаните кои користат точак или тротинет како превоз, или кои се рекреираат со скироли и ролери. А треба толку малку! Треба само наместо висок рабник, кон раскрсниците да се стави спуштен рабник до нула и да се изведе косина на тротоарот. Толку.
Се тера по старо. За секоја улица треба поединечно да се буниме, наместо да си ги читаат правилата“, велат од НаТочак.

АКТУЕЛНО