Не ги „ферма“ институциите – Забавниот парк пред „Борис Трајковски“ продолжува да работи без дозвола

И покрај најдените забелешки за работа од страна на Министерството за внатрешни работи, Пазарната инспекција и Управата за јавни приходи, забавниот парк пред салата „Борис Трајковски“ во Скопје продолжува со работа, а вчера беа донесени и нови реквизити.

Трите државни органи  направија инспекци и на сопственикот на фирмата „Дизниленд реквизити“ од Чаир му беше изречена забрана за работа и наредба да ги тргне реквизитите, но и по една недела на терен не се менува ништо.

Сопствениците велат дека се на приватен имот и оти не прекршуваат закони, иако градските власти веќе им издадоа парични казни, бидејќи нивните вработени не поседувале сертификати и лиценци за монтирање и управување со реквизитите.Градските власти велат дека со паркот управува компанија регистрирана пред само еден месец во општина Чаир, додека пак од општина Карпош неодамна соопштија дека се работи за насилник, за кого законските процедури не важат и побараа државните институции најстрого да го санкционираат. 

 

АКТУЕЛНО

Поврзани објави