Не ви се причинува: Еве зошто е поинаков вкусот на газираните пијалоци во лименка, шише и стакло

Иако сакате да ги пиете, не треба да претерувате со газираните сокови, особено поради големите количини шеќер, но и некои други работи. Тие можат да бидат полни со киселини кои ја оштетуваат забната глеѓ.

Алуминиумските лименки имаат полимерна обвивка која може да впие дел од вкусот, што потенцијално го прави поблаг вкусот, објасни хемичарот за храна Сара Риш.

– Доколку пиете газиран сок од пластично шише, вкусот може да се промени поради ацеталдехидот од пластиката што поминува во пијалокот. Од друга страна, стаклените шишиња се најмалку подложни на промени, па не го менуваат вкусот на газираниот пијалок – објаснила таа.

Газираните пијалоци се полни со киселини кои ја оштетуваат забната глеѓ и доведуваат до шуплини, а вештачките бои можат да ги обојат забите. Само една лименка може да содржи 39 грама шеќер, колку што е дневната доза – тврди д-р Самир Пате.

Тој додаде дека колку подолго се консумира газиран пијалок, толку повеќе може да ги оштети забите. Потребни се само 20 секунди за бактериите во вашата уста да почнат да произведуваат киселина, а тие ќе ја изедат глеѓта и до половина час. – Ако ви требаат 30 минути да го испиете сето тоа, тогаш штетното дејство на забите значително се продолжува. Гумата за џвакање без шеќер помага да се намали киселината во устата, додаде тој.

 

АКТУЕЛНО

Поврзани објави