Search
Search

Неделковски: Стефковски вети Акциски план за намалување на аерозагадувањето за 2022 година, во 2024 се уште не е реализиран

Гази Баба важи за општина која има голема концентрација на индустриски објекти на нејзината територија, па токму затоа во предизборната програма на Бобан Стефковски и ВМРО-ДПМНЕ граѓаните на Гази Баба добија ветување за изработка на Акциски план за намалување на загадувањетона воздухот и за воведување на систем на мониторинг наквалитетот на амбиентниот воздух, проект кој требаше да биде реализиран до 2022 година и чини еден милион денари, но Стефковски не го исполни тоа што го вети, иако аерозагадувањето е еден од најгорливите проблеми со кои се соочуваат скопјани, вели Влатко Неделковски  од Либерално демократска партија.

– За нас, секој е важен, затоа постојано се залагаме граѓаните да ги добијат условите кои ги заслужуваат. Очигледно за Стефковски и за општинската администрација поважно е да се организираат концерти и да се исполнуваат партиски агенди, отколку да се најде решение за аерозагадувањето, додава тој.

Според Неделковски, жителите на општина Газа Баба заслужуваат да имаат соодветна локална самоуправа која ќе ја унапредува општината и ќе ги решава тековните проблеми.

-Стефковски, а и сите негови претходници, кои беа од редовите на ВМРО-ПДМНЕ, триесет години ја уназадуваат општината и не го сработуваат ветеното. Токму поради вакви случаи, ЛДП ја покрена Иницијативата за отповикување на градоначалници, вели Неделковски.

Според него, жителите на Гази Баба, како и сите останати жители заслужуваат да имаат градоналаници кои ќе работат на модерни општини, на решавање на проблемите и кои ќе им овозможат на граѓаните достојна средина.

За нас, секој е важен, затоа постојано се залагаме граѓаните да ги добијат условите кои ги заслужуваат.

 

 

АКТУЕЛНО