Search
Search

Недостатокот на внимание дома една од главните причини за булингот – Како да се третира оваа појава?

Булингот (малтретирањето) не е некоја нова појава. Се цени дека оваа појава сега веќе не е предизвик само за една држава или само за одреден регион. Димензиите на овој феномен се глобални. Според наодите од Детскиот фонд на ОН (УНИЦЕФ), 130 милиони студенти ширум светот доживуваат малтретирање, кое е влошено со ширењето на дигиталните технологии. УНИЦЕФ проценува дека секој трет ученик од 13 до 15 години е жртва.

Психологот Линдита Мустафа од Заводот за ментално здравје на деца и младинци „Младост“ за Градска.мк посочува дека околу 30 отсто од случаите булингот било главната причина за нивните посети на оваа установа.

Таа посочува дека булизмот се врши физички, вербално, a тука се вклучува и психичкото насилство. Како и сајбер булингот или тајно фотографирање, нивна дистрибуција, исмејување и навредливи коментари и се што може да се направи преку Интернет.

„Во моето неколкугодишно искуство, 20 до 30 проценти од случаите кои имале емоционални проблеми булизмот бил главната причина. Родителот го носи со поплака дека неговото дете било малтретирано и му треба помош. Во повеќето случаи доаѓаат од сосема друга причина, на пример, не одат на училиште, не седат сами на час, бараат мајка или некој од семејството да седи со нив. Често се жали дека го боли главата, го боли стомакот и слично. Имав дури и случај кога дете кое беше жртва на булизмот, секогаш кога одеше на училиште, влегуваше во училишниот двор и почнуваше да куца на една нога, а после неколку сеанси сфатив дека тој куца на една нога се со цел насилникот да го жали. Значи доаѓаат за нешто сосема друго, а подоцна ќе се сфати дека се жртви на булизмот кое ниту го пријавиле, ниту го разбрале. Мислат дека се деца, таму се задеваат, таму се согласуваат“.

Како се третира булингот?

„Всушност,  ако се открие навреме дека детето се булизира, тоа е многу  подобро за да се спречи проблемот да не стане поголем. Се разговара со детето, родителот мора да го увери детето дека што и да се случи, тој е таму за него. Кога детето знае дека има родителска поддршка, всушност е направен првиот чекор, тој почнува да верува дека се ќе биде во ред. Потоа се разговара со наставниците, старателите и педагошкиот совет. Се разговара со родителите на другото дете, односно на насилникот.

Психологот Линдита Мустафа нагласува дека има многу фактори за агресивното однесување на детето, но не можеме да ги знаеме сите причини, но главната причина е големата потреба од внимание, кое за жал го немаат дома.

„Не го добиват доволното внимание од семејството, а детето чуствува потреба  дека кон другите треба да се покаже дека е некој и нешто. Се случува дури и децата кои биле жртви на булизмот да станат насилници. На тој начин го изразуваат гневот, и она што го доживеале како деца“.

На овогодинешниот меѓународен ден за побезбеден интернет што се одбележува како глобална иницијатива за промовирање побезбеден и подобар интернет за сите корисници, особено за децата и младите, УНИЦЕФ ги повикува сите чинители да ги зголемат напорите за заштита на децата од растечките ризици на интернет.

Повеќе од 400 деца и млади од Северна Македонија учествуваа во анкетата на U-Report за безбедноста на интернет, спроведена во 2023 година. Една третина (31 отсто) од испитаниците изјавиле дека доживеале булинг преку интернет.  18 отсто сметаат дека основна причина зошто опстојува онлајн-насилството е недостиг од информации и знаење, додека дури 41 отсто веруваат дека инсититуциите не го сфаќаат сериозно проблемот.

Од друга страна и коалицијата на младински организации „Сега“ пред два месеци организираше панел дискусија „Како до училиште без насилство“. На настанот се дискутираше за потребите и предизвиците на училиштата при превенција и постапување при случаи на различни форми на насилство, а активно се вклучија наставници и стручни соработници од основни и средни училишта, институции, граѓански организации, како и ученици.

За потребите на проектот е направено почетно истражување во проектни училишта, со опфат од: 25 училишта (13 основни и 12 средни училишта), 810 ученици, 370 наставници, 74 стручни соработници и директори, 673 родители. „Само 27% од учениците во Македонија целосно се чувствуваат безбедно во училиштето. За да го превенираме насилството во училиштето мора да се практикува пристапот на суштинско вклучување на учениците и на сите чинители во училиштето (наставници, стручни служби, училишни тела, родители итн)”, изјави Зоран Илиески, извршен директор на Коалицијата на младински организации „Сега“.

 

 

АКТУЕЛНО