Немало место за името на државата на венецот во Рим, објасни Сиљановска – Давкова

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска за прв пат даде објаснување зошто венецот што го положи на гробот на сесловенските просветители, браќата Кирил и Методија, не го пишувало името на земјата.

На венецот немаше име на држава, туку пишуваше само „Претеседател Гордана Сиљановска – Давкова“, а претседателката за ова денеска рече дека тоа било најдобро решение во моментот.

„Зошто не беше напишано?Како прво, тие лентите не се големи, разговаравме во кабинетот, имавме различни мислења, на пример јас мислев дека може „РС Македонија“. Немаше простор, но на крајот рековме дека јас сум на чело на делегацијата, да биде некое решение. Знам дека може да има забелешки, ги разбирам – логични сме. Македонија ја претставувавме таму. Но во време, по мојот говор и избегнувањето на официјалното име и опредлеувањето за името Македонија како слобода на изразување на мислата, се одлучивмне на ова решение. Мислам дека тоа не е проблем и негирање на државата. Се знаеше која е делегацијата. Нам ни се чинеше дека тоа е најдобро во тој момент“, одговори Сиљановска Давкова.

АКТУЕЛНО

Поврзани објави