Немало патници во автобусот на ЈСП што се запали кај Автокоманда

Во овие денови кога температурите се енормно високи, автобусите на ЈСП се почесто се’ расипуваат. Вчера околу 15:30 часот се запали Двоспратен автобус на булеварот „Киро Глигоров“ во кој за среќа немало патници.

Од ЈСП информираа дека е причинета поголема материјална штета и дека причините за пожарот допрва ќе се утврдуваат откако ќе заврши увидот.

– Во моментот на запалување на возилото, во него немало патници со оглед на тоа дека возилото се повлекувало во гаража Автокоманда, по завршување на смена. Благодарение на присебноста на возачот, неговата брза интервенција и интервенцијата на екипите на Противпожарна бригада на Град Скопје, опожарувањето на возилото било ставено под контрола, односно спречена е поголема материјална штета. Возилото е осигурано и очекуваме за кратко време да биде оспособено за користење, велат од ЈСП.  

Во гаснењето на пожарот учествувале петмина пожарникари од ТППЕ на Град Скопје со едно возило.

АКТУЕЛНО

Поврзани објави