Search
Search

Немоќните жители на Ѓорче Петров имаат право на бесплатен превоз до лекар организиран од Општината

Сите болни, немоќни, лица со попреченост или социјално загрозени лица кои живеат во општина Ѓорче Петров, можат бесплатно да бидат транспортирани до здравствените установи, доколку имаат претходно закажан термин за преглед, а не се во можност сами да си обезбедат превоз.

Здравственото возило кое го обезбедивме во соработка со Црвениот крст секојдневно транспортира лица од Ѓорче Петров кои имаат потреба од помош. Корисникот кој има потреба од превоз може да се јави на телефонски број 02/15330 во контакт центарот на Црвен крст секој ден во текот на 24 часа. Термин за превоз се закажува минимум 24 часа однапред, по принципот прв дојден – прв услужен. Транспортот се врши во работни денови од 8 до 16 часот. Ве потсетувам дека при закажување на термин потребно е да дадете целосни податоци – ги информира граѓаните градонаќалникот Александар Стојкоски.

Немоќните жители на Ѓорче Петров имаат право на бесплатен превоз финансиран од Општината во една насока максимум 4 пати во текот на една година.

Извор: СП

АКТУЕЛНО