Фото/ДПИ

Непочитување на мерките за цените, затворени големи маркети во Чаир, Тафталиџе, Кисела Вода и Бутел

Денеска казнети се и затворени повеќе ланци на големи маркети во Скопје во населбите Чаир, Тафталиџе, Кисела Вода и Бутел, но и маркети во Струга, информира директорот на пазарна инспекција Горан Трајковски.

Апелирам до сите трговци, дека нема да има компромис ниту селекција во постапувањето на пазарниот инспекторат кога е во прашање интересот на граѓаните. Во повеќе наврати напоменав дека секој мора да ги почитува законите и одлуките на владата. Исто така нема да дозволам некој да ги манипулира и доведува во заблуда граѓаните, потрошувачите, напиша Трајковски на својот Фејсбук профил.

Нема конкретна информација за какви прекршоци се казните и затворањето на ланците маркети.

 

АКТУЕЛНО