Врз основа на заклучоците донесени на 199. седница на Владата, за сите вработени во државната и јавната администрација и учениците од основните и средните училишта на територија на град Скопје денеска е неработен ден.
Оваа одлука беше донесена поради Самитот на ОБСЕ што се одржува во Спортскиот центар „Борис Трајковски“ – Скопје.
Одлуката не се однесува на јавните предучилишни установи, здравствените установи и безбедносните служби на подрачјето на градот Скопје.
Се препорачува приватниот сектор на подрачјето на Градот Скопје, а особено во подрачјето на Општина Карпош и општините кои гравитираат кон Спортскиот центар „Борис Трајковски“ и хотелот „Александар Палас“ да ги спроведат заклучоците.