Search
Search

Нетанјаху: Ние сме во војна!

Ние сме во војна, порача израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во порака до јавноста преку социјалните мрежи по изненадувачките напади на Хамас врз Израел.
– Граѓани на Израел, ние сме во војна, не во операција, не во ескалација, во војна! Утрово Хамас почна убиствен ненадеен напад врз државата Израел и врз нејзините граѓани. Ги повикав шефовите на системот за безбедност, прво им дадов инструкции да ги исчистат населбите на терористите што се уфрлија. Оваа операција се изведува во овие часови. Во исто време, јас наредив обемна мобилизација на резервисти и одмазничка војна со сила и обем какви што непријателите никогаш не виделе. Непријатeлот ќе плати цена каква што не платил досега. Во меѓувреме, ги повикувам сите граѓани на Израел строго да ги почитуваат инструкциите од армијата и од Домашната команда. Ние сме во војна и ќе ја победиме – изјави Нетанјаху.

Анонимен воен извор изјавил дека е прогласена итна мобилизација на илјадници резервисти, за да се запрат нападите врз израелска територија. Претставникот одбил да ги кометира информациите дека Хамас заробил израелски војници, но потврдил дека се водат битки близу граничните премини кон Газа и кај воената база Зиким.

Палестинското милитантно движење Хамас утрото од Газа истрела илјадници ракети врз Израел и уфрли вооружени групи преку граничните премини. Командантот на Хамас му објави војна на Израел и ги повика сите Палестинци да се придружат во борбата.

АКТУЕЛНО