Search
Search

Неверојатно: Им оставила 2.8 милиони долари наследство на своите миленичиња, а на децата ништо

Лиу, постара госпоѓа од Шангај, пред неколку години напишала тестамент во кој своето наследство во вредност од 2.8 милиони долари го оставила на своите деца.

Но во последните години тие многу ретко ја контактирале. Пред неколку месеци била многу болна и ниту едно од децата не дошло да ја посети. Таа овој период го поминала со своите миленици – мачки и кучиња.

Поради тоа таа решила да ги отстрани своите деца од тестаментот а своето богатство да го остави на нејзините миленици.

Бидејќи во Кина не е легално префлањето на имот и богатство на миленичиња, Лиу решила да го префрли наследството на локална ветеринарна клиника, под услов парите да бидат употребени за грижа за нејзините миленици и нивните можни потомци.

АКТУЕЛНО