Search
Search

Ниту банкоматите, ниту картичките веќе неколку часа не функционираат

Последниве неколку часови банкарските картички, а и банкоматите во најголем дел од Градот Скопје не функционираат. Дел од банките објавија официјални соопштенија во кои посочија дека се работи за технички проблем на којинтензивно се работи за да се санира.

Надвор од функција се сите видови картички на сите банки.

Единствена можност да извадите пари се експозитурите на банките, а нема информација до кога ќе биде саниран овој проблем.

Средствата на клиентите на банките се достапни во сите експозитури и филијали, соопштија од Македонската банкарска асоцијација.

-Дел од услугите на нашите членки, поврзани со картичните брендови VISA и MasterCard се недостапни – на банкомат или во трговија, соопшти Македонската банкарска асоцијација.

Средствата на клиентите на банките се достапни во сите експозитури и филијали.

„Членките на Македонската банкарска асоцијација се во интензивна комуникација со картичните брендови VISA и MasterCard, и од досегашните анализи може да се каже дека причината за проблемот не е поврзана со националните телеком оператори, ниту со поединечните системи на банките. По добивање покомплетни сознанија, јавноста навремено ќе биде известена од страна на Македонската банкарска асоцијација. Се надеваме на брзо нормализирање на сервисите“, велат оттаму.

АКТУЕЛНО