Search
Search

Низ Скопје се поставуваат дигитални сообраќајни знаци

Град Скопје продолжуваме со проектот за поставување ЛЕД светлосни дигитални сообраќајни знаци со пиктограм на локации на кои во минати години имало сообраќајни незгоди и кои се нотирани како високо ризични за пешаците, заради зголемување на видливоста.

Поставени се нови знаци на булеварот Босна и Херцеговина, откако претходно поставувањето е започнато на три локации меѓу кои и на  булевар Партизански Одреди кај Палма и на улицата Јордан Мијалков.

ЛЕД светлосните дигитални сообраќајни знаци со пиктограм се поставуваат во близина на училишта, градинки и фрекфентните булевари и улици, а целта е да се зголеми видливоста на пешачките премини со што се зголемува внимателноста на возачите при движење во сообраќајот. ЛЕД сообраќајните и ретрорефлективни знаци можат да ја зголемат видливоста до 60% што може директно да влијае на безбедноста и времето за маневрирање при возење, со што се намалува или избегнува можноста за сообраќајни несреќи предизвикани од реакција при недоволно растојание. Овие лед сообраќајни знаци можат да ги намалат сообраќајните незгоди на локалните патишта за повеќе од 70% – информира градоначалничката Данела Арсовска.

Таа додава дека контрастот на клучните информации на ЛЕД сообраќајните знаци во текот на ноќта и при тешки временски услови е зголемен за 35 отсто, со што е подобрена функцијата за предупредување.

 

АКТУЕЛНО