Search
Search

Нов обид на Советот да добие одговори од градоначалничката: Ќе дојде ли Арсовска на седница или прашањата повторно ќе „одат низ ветар“?

Советниците на Град Скопје одново ќе се обидат в четврток да добијат одговори на прашањата кои во име на граѓаните планираат да ѝ ги постават на градоначалничката Данела Арсовска и на надлежните градски сектори. Дали на седницата закажана за 14 декември посветена на советнички прашања ќе добијат одговори или не зависи од тоа дали овој пат Арсовска ќе присуствува или повторно нивните прашања ќе „одат низ ветар“ со ветувања од службите и од претставникот на градоначалничката дека ќе им ги одговорат писмено.

Советниците од сите советнички групи подолг период укажуваат дека Арсовска ги игнорира, дека нема никаква соработка ниту со неа ниту со службите, на кои, како што тврдат, им е забрането да им даваат информации на советниците. Речиси секоја седница започнува со барање да се обезбеди присуството на градоначалничката и во ретките прилики кога Арсовска е присутна, работата се претвора во меѓусебни кавги и обвинувања. Тие се жалат дека немаат никакви информации за многу важни проекти за градот.

На пример, на прашањето дали се информирани до каде е подготовката на новиот Генерален урбанистички план со оглед на тоа дека на сила е сѐ уште стариот за периодот од 2012 до 2022 година, велат дека не знаат ништо повеќе од она малку што се споделува по медиумите.

Таа додава дека како советници ги бараат сите можни начини за да ги остварат во пракса правата што ги имаат.

Немаме одржано четири седници на советнички прашања. Од страна на претседателот на Советот, Трајко Славески, на Арсовска ѝ беа понудени два датума, еден на 6 декември и друг на 14-ти за да даде одговор кога би можела да дојде, но таа повторно нема одговорено. Едноставно не знам како да дојдеме до одговори и информации доколку повторно не дојде на седницата – вели Андоновска.

Таа сепак се надева дека работите ќе се сменат и дека ќе профункционира Градот, особено доколку реагираат институциите до кои советниците се обраќаат, како што е на пример Инспекторатот за локална самоуправа

Доколку институциите што имаат надлежност реагираа барем со некаква претставка, укажување, мислам дека ќе има некаква промена, ама тоа не се случува. Ние постојано реагираме, прво до Инспекторатот за локална самоуправа, па доколку тие укажат, а ако градоначалник и Совет не постапат по нивото укажување, тогаш се оди до повисока инстанција, а тоа е суд. Ама ние не можеме да стигнеме до таму затоа што сите наши претставки не се реализираат – тврди Андоновска.

Несоработката меѓу советниците и градоначалничката се забележува речиси на секоја седница, а тој нарушен меѓусебен однос може да се види и по тоа дека голем дел од одлуките предложени од Арсовска, не добиваат „зелено светло“ од Советот. Градоначалничката не доаѓа на седници за да ги образложи одлуките што ги предлага, а советниците се револтирани од таквиот игнорантски однос. И кога е присутна на седниците најчесто се случуваат вербални меѓусебни напади меѓу неа и пред сѐ, советниците од ВМРО-ДПМНЕ.

 

АКТУЕЛНО