Search
Search

Нов тарифник, повисоки цени за склучување на брак во матично

Поскапувањето на услугите за склучување на брак на терен ги изненади идните младоженци.  Па така, ако според стариот тарифник, склучувањето на брак на терен од понеделник до петок чинело 3736 денари, сега тоа ќе чини 4765 денари.

За време на викенди и државни празници старата цена била 7472 денари, а новата цена е за над 3.000 денари повисока и изнесува 10.484 денари.

Луѓето кои уплатиле пред донесување на новиот тарифник, им стигнало известување дека мора да доплатат ретроактивно, со цел израмнување на цените со новиот тарифник. Првиот човек на Управата, Емир Сулејмани вели дека цените мора да се прилагодат со новиот тарифник, според правилникот на Управата од 2011 година.

Инаку, кога станува збор за склучените бракови во Македонија, податоците на Државниот завод за статистика покажуваат дека, тој се намалил во 2023 година и лани имало 12.882 бракови, што е за 3.4 отсто помалку во споредба со 2022 година.

Извор Канал 5

АКТУЕЛНО