Search
Search

Нов Зеланд ги забранува мобилните телефони во училиштата поради намалената писменост на учениците

Владата на Нов Зеланд ќе ја забрани употребата на мобилни телефони во училиштата поради загрижувачкиот пад на писменоста на учениците, изјави конзервативниот премиер Кристофер Луксон.

„Ќе ги забраниме телефоните во училиштата. Сакаме нашите деца да учат, а нашите наставници да предаваат“, рече Луксон за време на посетата на училиште во Оукленд.

Тој изјави дека тоа ќе го спречи нарушувањето на часовите и ќе им помогне на учениците да се фокусираат на материјалот, објавија новозеландските медиуми.

Истражувачите од една добротворна организација за образование во Нов Зеланд минатата година предупредија дека земјата се соочува со „криза на писменоста“, откривајќи дека повеќе од една третина од 15-годишниците едвај знаат да читаат и пишуваат.

АКТУЕЛНО