Search
Search

Нова велосипедска патека ќе ги поврзе општините Гази Баба, Центар и Аеродром

Во тек е изградбата на нова велосипедска патека која ќе ја поврзува општина Гази Баба со општините Центар и Аеродром.

Новите вело патеки се простираат во должина од два километри, односно по еден километар во двата правци на улицата „808″ во населбата Автокоманда. На истиот потег се работи на целосно нов зелен појас, како и на нова пешачка патека, со што се овозможува поголема безбедност и сигурност за сите учесници во сообрaќајот -информираат од Град Скопје.

Оттаму додаваат дека со активностите на терен се реализира проектот „Скопје-град на велосипеди” кој е еден од стратешките проекти од програмата „За модерно Скопје” на градоначалничката Данела Арсовска.

Во изминатите две години, како што тврдат од Град Скопје инвестирано е во повеќе од 30 километри нови велосипедски патеки во сите скопски општини, а проектот го изведува јавното претпријатие „Улици и патишта“.

 

АКТУЕЛНО