Search
Search
фото/Совет на град Скопје

Новинар на Сител нападнат од портпаролката на Град Скопје

Мартин Арсов, новинар кој повеќе од три години работи во телевизија Сител, тврди дека вчера по вклучување во живо во вестите бил физички нападнат од Кристина Депо, задолжена за односи со јавност во Град Скопје. Во изјава за Слободен печат Арсов вели дека вакво нешто до сега не доживеал и побара новинарските здруженија да реагираат, бидејќи, според него ова е класична тортура и притисок врз новинарите.

– Додека во живо известував за денешната седница, стоеше позади камерата и чекаше да слушне дали ќе кажам нешто лошо за Арсовска. Откако завршив со вклучувањето, ми рече дека е незадоволна оти сум кажал само дел од соопштението што го напишала, а не целото. Ја прашав зошто не ми одговарате на поставените прашања во врска со мостот Беласица, по што советничката се вознемири, замавна и ми го удри телефонот, кој предходно го користев за линокот во вестите, вели Арсов за Слободен печат.

За инцидентот се уште нема никакво соопштение, реакција или демант од Град Скопје. Депо беше ангажирана од Арсовска во април оваа година.

 

АКТУЕЛНО