Search
Search

Новите лични карти во Скопје ќе се делат во полициски станици, а не на врата

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните на Скопје дека новоиздадените лични карти ќе се делат по полициски станици.

-Анализата на успешноста на доставата на лични карти на домашна адреса на граѓаните на територија на град Скопје, доведе до заклучок дека истата е нецелосна, несеопфатна и недоволно ефикасна, а истовремено го нема посакуваниот ефект и кај граѓаните и кај полициските службеници кои беа задолжени за достава, соопшти МВР.

Од понеделник, 11.03.2024г. започнува нов процес за издавање на лични карти во просториите на месно надлежните полициските станици според место на живеење на граѓанинот наведено во личната карта.

-Секој граѓанин, ќе може да пристапи во било кој период од денот, секој ден од неделата, со цел да си ја подигне готовата лична карта, објави МВР.

Во соопштението не е објаснето како ќе се спроведува за граѓаните кои истовремено вадат и други документи (пасоши и возачки дозволи) кои ги подигаат тие документи на локациите каде се сликале. По новата методологија, тие граѓани ќе ги можат или да ги земат сите документи на локацијата каде се сликале или ќе мора да одат и таму по пасош и возачка дозвола и во полициска станица по лична карта.

АКТУЕЛНО