Search
Search

Од денеска се укинуваат два воза дневно на релација Скопје-Битола-Скопје

Од денеска се укинуваат два воза дневно на релацијата Скопје-Битола-Скопје. Патниците на оваа релација ќе можат да ги користат само возовите кои поаѓаат од Скопје во 14.30 часот и во 03.13 часот од Битола. На официјалната страница на Македонски Железници, без да се наведат подетални информации, само пишува дека овие измени ќе важат се до нивно отповикување.

Одлуката доаѓа неколку месеци откако Железница ги укина сите четири пара возови на релацијата Скопје-Куманово-Табановце-Скопје, за што жителите од Куманово и кумановско кои работат во Скопје жестоко реагираа. Инаку, веќе со години нема возови ниту до Белград и до Солун.

АКТУЕЛНО