Search
Search

Од полноќ се намалуваат цените на горивата

Малопродажните цени на бензините еуросупер бс-95 и еуросупер бс-98, се намалуваат за 0,50 ден/лит, и со тоа малопродажната цена на еуросупер бс-95 изнесува 81,00 ден/лит, додека малопродажната цена на еуросупер бс-98 изнесува 83,00 ден/лит.

Дизелот и екстра лесното масло за домаќинство се намалуваат за 1 денар и од полноќ дизел горивото ќе се продава за 80,50 ден/лит, додека малопродажната цена на екстра лесното масло за домаќинство изнесува 80,00 ден/лит.

Малопродажната цена на мазутот се намалува за 0,29 ден/кг и ќе изнесува 46 ден/кг.

АКТУЕЛНО