Search
Search
Фото/градска редакција

Од утре почнуваат рамазанските пости – лекција за моралот и солидарноста

Муслиманскиот пост месец Рамазан започнува во понеделник (11 март) или вторник (12 март), во зависност од изгледот на младата месечина. Постот од утро до мрак трае помеѓу 12 и 17 часа дневно, во зависност од делот од светот во кој живеете.

Муслиманите веруваат дека Рамазан е месецот во кој започна објавувањето на Светата книга Куран на пророкот Мухамед, а.с. пред повеќе од 1.400 години.

Постот вклучува воздржување од јадење, пиење, пушење и сексуални односи во текот на денот додека Сонцето е на небото со цел да се постигне поголема свесност за Бога.

Рамазан започнува 10 до 12 дена порано секоја година бидејќи исламскиот календар е всушност лунарен хиџри календар каде месеците имаат 29 или 30 дена.

Бидејќи лунарната година е пократка од сончевата година за 11 дена, во 2030 година ќе има два Рамазани – првиот ќе започне на 5 јануари, а вториот на 26 декември.

Следниот пат кога Рамазан ќе започне по 12 март ќе се случи за 33 години, поточно во 2057 година.

За муслиманите од северната хемисфера, бројот на постот ќе биде малку помал оваа година и ќе се намалува до 2031 година кога Рамазан ќе се совпадне со зимската краткоденица, најкраткиот ден во годината. После тоа, бројот на часови на пост ќе се зголеми до летната краткоденица, најдолгиот ден во годината на северната хемисфера.

Постат повеќе од милијарда луѓе во светот

Постот за Рамазан е еден од петте столбови на исламот. Во текот на овој месец повеќе од милијарда луѓе на планетата Земја во исто време доброволно се откажуваат од храна и пиење и практикуваат други религиски обврски и обичаи.

Пост од изгрејсонце до зајдисонце

Во текот на овие 30 дена муслиманите постат од изгрејсонце до зајдисонце. Постот во текот на Рамазан им се пропишува на сите возрасни муслимани кои се доволно здрави да постат цел ден.

Пред изгрејсонце, постачите стануваат на оброк наречен сахур за да јадат, а постот го прекинуваат на зајдисонце. Тој оброк се нарекува ифтар.

Овој месец се нарекува и месец на милоста, затоа се охрабрува правење добри дела, молитви, а повеќе време се посветува и на читањето на светата муслиманска книга Куранот, која започнала да се објавува токму во овој месец.

Лекција за моралот и солидарноста

Постот е тест и тренинг на човечката свест и волја, самопочитувањето и моралниот дигнитет. Постот е исто така лекција за самоодрекување, која кај оние што постат го буди чувството за сочувство кон сиромашните и послабите.

Покрај различните духовни користи на постот, поновите истражувања ги покажуваат и неговите позитивни ефекти врз психо-физичкото здравје.

Што значи зборот „Рамазан“ ?

Зборот „Рамазан“ е изведен од арапскиот збор „рамз“ што значи „многу топло“ или “жешко“. Се верува дека овој месец е наречен така поради неколку работи, прво поради тоа што оној што пости станува топол поради жедтта. Во текот на овој месец горат трагите од гревовите, односно верникот се прочистува од гревовите. Исто така, побожноста во овој месец создава посебна топлина во контекст на љубовта кон религијата и луѓето.

Кога настапува Рамазан календарски?

Според муслиманскиот лунарен календар, Рамазан не е секоја година во ист период. Лунарниот календар има 354 дена, 11 дена помалку од соларниот календар (сончевата година) и токму поради тоа месецот рамазан, како и другите месеци, за период од 33 години минува низ сите годишни периоди.

Во зависност од географската положба и оддалеченоста од екваторот може да трае од 11 до 20 часа. Муслиманите на југот на планетата дневно постат 11 часа во просек, додека оние на северот, постат 18 часа или подолго.

Во текот на месецот Рамазан луѓето поинтензивно се дружат, а мислите им се порастеретени и се повеќе посветени на духовното отколку на материјалното. Затоа, и не случајно месецот Рамазан го носи епитетот „најдрагиот гостин во годината“.

 

АКТУЕЛНО