Search
Search

Охриѓанец со „југо“ прегазил двајца малолетници

Педесет и петгодишен охриѓанец вчера попладне со „југо“ прегазил двајца малолетници.

„На 21.02.2024 во 15.00 часот во СВР Охрид било пријавено дека на ул.„7 Ноември“во Охрид, патничко возило „југо“ со охридски регистарски ознаки, управувано од В.Р.(55) од Охрид, удрило во двајца малолетни пешаци. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил еден од малолетниците, констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид“, информираат од СВР Охрид.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Охрид.

АКТУЕЛНО