Search
Search
Wikimedia commons

Октомври месец потопол, но и посув од вообичаеното!

Оваа година месец октомври ќе го поминеме во знакот на потопло време, но и со помалку врнежи, што значи дека температурите ќе бидат натпросечно високи, а врнежите ќе бидат под просекот.

Сепак повремено може да се очекува прилив на поголем влажен воздушен бран кој би условил и поинтензивни врнежи од дожд. Се на се, така нареченото “Мини лето” ќе продолжи и во текот на овој месец, а вие ваквото прекрасно време максимално искористете го за правење на зимница.

Температурите во следните денови наутро ќе бидат пониски и на повеќе места ќе се спуштаат до околу, па и под 10 степени. Максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 22 до 28 степени. Во Скопје наутро температурата ќе се спушта во интервалот помеѓу 9 и 13 степени, а максималната дневна температура ќе се искачува во интервалот помеѓу 24 и 27 степени.

 

АКТУЕЛНО