Search
Search

Опожарени два автомобили во Кисела Вода, едниот во сопственост на фирма од Скопје, а другиот на лице од Србија

Два автомобили, вчера, биле опожарени во скопската населба Црниче во Општина Кисела Вода.

Од Министерството за внатрешни работи (МВР) информираат дека опожарувањето на возилата било пријавено вчера, во 01:55 часот и оти станува збор за возила „фолксваген џета“ со скопски регистарски ознаки и „форд фокус“ со српски национални ознаки.

Возилото „фолксваген џета“, како што информираат од МВР, било сопственост на правно лице од Скопје, додека „форд фокусот“ бил сопственост на лицето Н. С. од Република Србија.

Од пожарот, според информациите од МВР, зафатен бил и дел од фасадата од приземјето на една зграда, а оштетени биле и прозорци. Од страна на Бригадата за противпожарна заштита пожарот бил изгаснат.

„Повредени лица нема. Извршен е увид од екипа од СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот“,додаваат од МВР.

„360 степени“ дојде до две видеа од безбедносни камери во околината на местото каде што биле паркирани возилата.

На првото видео се забележува како едно лице со велосипед доаѓа до местото, го остава и потоа од под тренирката вади шише. Потоа од шишето истура течност, најпрво врз асфалтот, а потоа и врз автомобилите и откако се оддалечува ја запалува течноста

АКТУЕЛНО