Search
Search

Општина Бутел бара враќање на старите имиња на улиците

Во името на советниците на општина Бутел е покрената иницијатива до Град Скопје со која се бара враќање на старите имиња на улиците кои гравитираат на територијата на Бутел.

Како што се дознава од предметната иницијатива, враќањето на имињата се бара под образложението „дека многу граѓани се пожалиле до општина Бутел, дека промената на имињата на улиците им предизвикала дополнителни трошоци“.

Промени во новите имиња се имињата на истакнати личности од албанската уметност и култура, како Омер Калеши, Адем Кастрати, Дране Бојаџиу, Агрон Бериша, Сурија Имами, Захир Џафери, Африм Житаи, Вулнет Старова, Есат Ставилеци и други. Има и имиња на неалбански личности.

Доставувањето на иницијативата го најави градоначалниот на Бутел од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Дарко Костовски, кој рече дека одлуката за промена на имињата „во минатото од страна на поранешниот градоначалник на Град Скопје Петре Шилегов и Советот на Град Скопје беше донесена одлука за промена на улиците. Своеволно без никаква консултација со граѓаните за свој личен интерес беше донесена таа одлука“.

На сето ова на најдобар начин одговори или коментарше еден од граѓаните.

„Абе решија Симче Настевски во Радишани….распукан и со дупки асвалт,пропаднати шахти а има огромен сообраќај на сите видови возила …..стана улица од сервисна во главна сообраќајница за оп.Чучер Сандево бе……ветувавте алтернативен влез за Чучер и ништо од тоа“.

АКТУЕЛНО