Со цел да ги дознае приоритетите во буџетот за 2024 година, Општина Центар ја става во функција алатката „Мој буџет“ https://mojbudzet.centar.gov.mk/mojbudzet на веб страната на општината. Со помош на оваа алатка ќе може да се направи преглед на приходите и расходите во Нацрт-буџетот на Општина Центар за 2024 година.
–За да ја користите алатката „Мој буџет“ треба да одберете некоја од понудените ставки и со едноставно лизгање да го измените буџетот според сопствено видување, а потоа од десната страна со лизгање надолу да се регистрирате со цел да ги поднесете измените – појаснуваат од Општина Центар.
Општина Центар е на врвот на транспарентност во работењето затоа што им овозможува на граѓаните вклучување во креирањето на буџетите преку „Мој буџет“ и Буџетски форум.